Руската вакцина против коронавирусот Спутник V во Обединетите Арапски Емирати покажа ефикасност од 97,8 отсто, објави рускиот фонд за директни инвестиции.
„Ефикасноста на вакцината против коронавирус во Обединетите Арапски Емирати на крајот од анализата на податоците на 81.000 лица вакцинирани со обете компоненти на препаратот беше 97,8 отсто, додека кај тешки форми на инфекција е 100 проценти ефикасна“, се вели во соопштението.
Претходно, рускиот фонд за директни инвестиции објави дека производството на Спутник V започна во Иран. Покрај неа, руската вакцина се произведува и во Србија, Унгарија, Виетнам итн.
Comments are closed.