Колку всушност поскапе гирото во Грција?

by Тони Зографски

Уште во март беше објавено за поскапувањата во Грција, а „гирото од 4 евра“ ни послужи како илустрација за тоа колку ќе бидат овие цени кога заминувате на одмор кај јужниот сосед, затоа што со години во текот на летото плаќаме 2-3 евра за омилената брза храна.

„Цената на некои сендвичи од минатата недела поскапе за 30 центи, па така ќе биде и следната. Во тој контекст, ако некој продавал гиро по цена од 3,3 евра, следната недела ќе го продава за речиси четири евра“, изјавил за „GRTimes“ Михалис Епитропидис од Здружението на ресторани и кафулиња во Солун.

Грчкиот репортер пишува дека во некои делови на Атина и Солун, цената на гирото навистина ненадејно скокнала во последните недели поради зголемените трошоци за струја и состојки, па се движи меѓу 3,50 и 4 евра.

Минатата недела РТВ МАГ ги проверуваше цените во Паралија и излезе дека таму гиро пита се уште е 2,50 евра. Се разбира, цените сè уште варираат од место до место, но можеби ќе треба да го имате на ум тоа зголемување на цената при планирање на буџетот за летувањ

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com