Од вкупно 24 репрезентации кој ќе учествуваат на Европското првенство следната година, македонската фудбалска селекција е втора најслаба по вредност со вкупна сума од 63,15 милиони евра, пред Финска која чини 36,1 милион евра.
Најскап македонски репрезентативец според фудбалскиот пазар е Енис Барди, членот на Леванте вреди 20 милиони евра, а зад него е Елиф Елмас со 18 милиони евра вредност на пазарот. Следуваат Аријан Адеми со 5,5 милиони евра, Езѓан Алиоски и Стефан Ристовски вредат по 3,5 милиони евра.
Милионска вредност имаат уште Несторовски, Димитриевски, Трајковски и Муслиу, додека Горан Пандев, вреди само 400.000 евра на пазарот со оглед на платата која заработува во Џенова и важноста на договорот до јуни 2021 година.
Колку за споредба, највредната селекција е Англија со 1,4 милијарди евра, па светскиот првак Франција со една милијарда евра, Шпанија со 842 милиони евра, Италија 824,5, Германија 742, 5 евра…