Студија на Империјал колеџот во Лондон за новата варијанта на коронавирусот што се шири во Велика Британија откри дека брзината на ширење на епидемијата, односно бројот Р, е помеѓу 0,4 и 0,7.
Тоа значи дека секои 10 заразени лица најверојатно можат да заразат помеѓу нови четири и седум лица доколку го имаат новиот вид на вирусот, објави Би-Би-Си.
„Не звучи многу, но разликата е прилично голема“, изјавил професорот за „BBC Radio 4“.
Според него, во услови на ноемвриските блокади, стапката на репродукција била околу 0,9 кога станува збор за стариот вид, што би значело дека во текот на две до три недели бројот на случаи се намалува за околу 30 проценти, додека со новата варијанта тие тројно ќе се зголемат.