Познатиот глумец Колин Фарел е виден како трча без маица во Западен Холивуд, а таа глетка воодушеви многу минувачи.
46-годишниот ирски актер се обидува да остане во форма, а според видените фотографии направени од папараците, изгледа дека му оди доста добро.
Колин Фарел ќе глуми во новата детективска серија „Sugar“, која ќе се прикажува на Apple TV+. Серијата ѝ била претставена на јавноста минатата година, а на почетокот на оваа година е објавено дека Фарел се приклучил на тимот кој ќе работи на неа.
Иако деталите за серијата сè уште се чуваат во тајност, Variety претходно дознал дека тоа е модерен приказ на приватната детективска приказна од Лос Анџелес. Освен што ќе глуми во серијата, Фарел ќе биде и еден од нејзините извршни продуценти.
Заедно со него, во серијата се појавуваат и актерките Кирби Хауел-Баптист, Ејми Рајан и Линдзи Пулсифер.