Порано вработена во домот на Бојан Јовановски, Драгана Колевска на денешното рочиште за случајот „Рекет“ изјави дека работела хонорарно кај Боки 13.
Сведокот рече дека кај Јовановски дома на гости доаѓале Радмила Шекеринска и Катица Јанева.
„Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано, не знам немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојде Шекеринска, Катица, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски”, изјави Колевска.
Инаку, судењето за случајот „Рекет“ ќе продолжи на 3 јануари 2020, со сослушување сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.