Во маркет во Подгорица вчера се случила тепачка меѓу две жени. Имено, едната се изнервирала затоа што другата не држела дистанца и не носела маска, па ја гаѓала со млеко.
„Кокошко една одвратна! Кого ти најде да навредуваш, кокошко една? И реков да се повлече и да стави маска“, викала револтираната жена.
Во тепачката настрадал и човекот кој си пазарел во маркетот. Тој бил избањат со млеко.