Вчера се навршија точно шест години откако почина Душан Љубисављевиќ-Дуле, вокалот и гитарата на дуото “Дуле и Коки“. Во разговор за „Женски магазин“ зборува Никола Јанков – Коки кој по цели осум години се враќа на „Макфест“, овој пат сам.
На прашањето во кој дел од секојдневието најмногу му недостасува неговиот другар, Коки вели:
– Да ви кажам, горе си е горе. Овде не е убаво, се гледаме во очи и се лажеме. Се занесуваме, а внатре, шупелки празни. Извинете, но некогаш сакам да кажам некои реченици но, трпението е на моја страна. Секој ден е инспирација и надеж и не може да помине без да помислиш и на убавите и на неубавите работи. Би сакал многу нешта и луѓе да се вратат, ама не бива. Некои луѓе веќе ги нема.. Дуле го нема, песните се тука. Тој сакаше да пее и да дели од неговата душа, преку нив.
Целото интервју со Коки на „Женски магазин“.