Еден од најактивните јавни личности на социјалните мрежи Игор Џамбазов продолжува во свој стил да ги коментира актуелните настани.
Така, вчера со објава на својот Инстаграм профил Џамбазови ги спореди со семејството Даглас. Поточно, фотката на која е со татко му Александар тој ја спореди со фотката на која е татко ти и синот Даглас, односно, холивудските актери Кирк и Мајкл Даглас. Игор пред се, алудираше на староста на постариот Даглас кој лани наполни 102 години.
– Семејството Даглас или Џамбазови? Кој ќе издржи повеќе?- напиша Игор под фотографијата.
“И вкупно и поединечно ќе ги тепате… да сте живи и здрави колку ви се сака“ – беше еден од коментарите.