Компанијата „Skytrax“, која ги рангира светските авиокомпании, објави листа на 10 најдобри авиокомпании во светот, пренесува „CNBC“.
„Делта ерлајнс“ е на 24-то место и ја освои титулата најдобра авиокомпанија во Северна Америка – според резултатите од годишното истражување за задоволството на патниците објавено од thepointsguy.com.
Конечниот список за 2022 година:
- Qatar Airways
- Singapore Airlines
- Emirates
- ANA All Nippon Airways
- Qantas Airways
- Japan Airlines
- Turkish Airlines
- Air France
- Korean Air
- Swiss International Air Lines
Списокот е формиран со помош на податоци собрани од патници од септември 2021 до август 2022 година, а биле забележани вкупно 350 авиокомпании.
Од патниците анкетирани во ова истражување беше побарано да ги оценат авиокомпаниите врз основа на удобноста, квалитетот на услугата и чистотата.