Ривалството помеѓу скопјанките и битолчанките е долгогодишно и постојано се дебатира кои од нив се поубави и поинтересни за машките.
„Мајка ти и татко ти“ направи интересна споредба, која на совршен начин го опишува девојките од овие два града од Македонија.
-Скопјанките имаат интересен акцент, додека битолчанките имаат интересен говор на тело.
– Скопјанките имаат добар стил на облекување, додека пак битолчанките имаат топ фигури и лични фаци.
– Скопјанките имаат култура на моменти, додека пак битолчанките ви покажуваат што е тоа култура во секој момент.
– Скопјанките знаат како да ве одебат непристојно, додека пак битолчанките го прават тоа на фин и културен начин.
– Скопјанките знаат добро да се забавуваат на забави, битолчанките се оние што ги прават забавите.
– Скопјанките се убави со шминка, битолчанките се убави секако.
– Скопјанките знаат да пијат само мартини за фама, додека битолчанките знаат да акнат две три пива на Широк Сокак без да се прават шмизли.
– Скопјанките глумат лудило по балетанки замислувајќи дека се во Париз, битолчанките се постојано на штикла бидејќи знаат дека се во Битола.
– Скопјанките се обични убави шмизли, но да си битолска пуфла е нешто посебно, гордост!
Извор : Мајкати и таткоти