Глад
Чувствувате интензивна потреба за храна. Всушност, ужасно сте гладни и поголемиот период од времето размислувате за храна.
Како тоа да го пребродите? – не пресоконувајте го појадокот. Ако сте гладни во првите неколку дена од диетата, тоа е така затоа што Вашето тело произведува поголемо количество хормон наречен грелин, кој е директно одговорен за чувството на глад. За да го намалите нивото на грелинот, а воедно да го контролирате внесот на калориите, фокусирајте се на појадокот.
Истражувачите во Холандија откриле дека лицата кои го започнуваат денот со висококалоричен оброк од протеини и сложени јаглени хидрати произведуваат и до 33% помалку грелин, подолго време чувствуваат ситост и лесно ги поднесуваат нападите на глад.
Целта е за појадок да изедете 20% од дневните калориски потреби (околу 35% калории). Одлучете се за кајгана со едно јајце, парче интегрален леб и еден домат или чинија житарки со немасен јогурт или млеко и овошје, додека третата можност е посно кравјо сирење и интегрален тост.
Напнатост
Започнувате да ги губите нервите и подолг период од времето чувствувате напнатост.
Како тоа да го пребродите? – насочете го вниманието на пријателите и семејството. Не е никаква тајна тоа што диетите се подеднакво тешки како за психата така и за телото. Неодамнешното истражување на Калифорнискиот Универзитет направило корелација на диетите со хроничниот стрес. Не е чудно, бидејќи голем дел од диетите го менуваат однесувањето, што може да биде мошне стресно.
За жал, овој стрес и напнатост се причина поради кои луѓето се откажуваат од диетите. А тоа не само што може да Ве врати кон старите нездрави навики, туку може и дополнително да Ве здебели, бидејќи кортизолот, хормонот на стрес, го забавува слабеењето. Побарајте утеха и потпора во кругот на семејството и пријателите, или дајте им задача да Ви помогнат во бората со килограмите.
Истражувачите од Велика Британија пронашле дека жените кои започнале диета во група, полесно и побрзо слабеат со помалку стрес, отколку жените кои сами се снаоѓаат со овој проблем. Подршката е мошне важна во процесите на држењето на диетата. Таа ви овозможува да ги поделите своите фрустрации со останатите лица и да научите како да се носите со нив. Верувајте во себе – доколку сте достигнале до тука, бидејќи за само неколку дена се може да постане полесно. Докажано е дека после 21-иот ден, повтореното однесување станува навика.
Желба за грицки
Имате неконтролирана желба да јадете благо или нездрави солени грицки.
Како да го пребродите ова? – јадете почесто. За време на завршните 14 дена од менструалниот циклус (лутеинската фаза), прогестеронот е зголемен. Кога тоа ќе се случи се намалува нивото на хормонот на среќа – серотонин, заедно со нивото на ендорфинот и допаминот, хемикалија која му помага на телото во борба против стресот. Оваа комбинација е причина за лошото расположение и добриот апетит. Покрај тоа, за време на оваа фаза се зголемува чувствителноста на инсулинот, што може да ја зголеми Вашата желба за храна.
Додека овој период трае, консумирањето на шест или повеќе мали оброци на ден го стабилизира нивото на шеќерот во крвта, го намалува заморот, но и го спречува летаргичното чувство кое може да доведе до прејадување.
Без напредок…
Стрелките од вагата се на исто место, и покрај Вашите најдобри напори.
Како да се преброди ова? – пробајте ги Вашите најтесни фармерки. За отприлика шест месеци контролирана исхрана и редовно вежбање ќе приметите повеќе мускули и помалку масни наслаги. Тоа е одлично – дури и ако стрелките на вагата не се поместени! Мускулното ткиво е потешко од масното ткиво бидејќи се состои од 70% вода, додека маснотиите содржат до 20% вода.
Дури и ако вагата стои, тоа не значи дека не слабеете! Нормално дека напредувате, бидејќи новите мускули помагаат да согорувате уште повеќе маснотии. Значи што повеќе мускули имате, толку повеќе калории согорувате – дури и додека не вежбате. За да ја одбегнете фрустрацијата, пронајдете нови начини за да го мерите напредокот. Дали ви е облеката удобна? Можете ли да разговарате додека трчате? Изгледате ли подобро и позатегнато? Се тоа вреди, ако не и повеќе, од она што Вашата вага го покажува.
Стари навики
Може да се јават два проблема кога држите диета – да “замислите” дека знаете апсолутно се за слабеењето, а вториот проблем се јвува кога ќе ја постигнете посакуваната тежина, да прекинете со диетата и да се вратите на старите навики.
Како тоа да го пребродите? – станете свесни дека Вашата борба никогаш не престанува. После една година веројатно сте засновале здрав принцип на исхрана и вежбање, како дел од секојдневието. Но не сте готови, денес е подеднакво тешко да се одржува телесната тежина исто толку колку и слабеењето, и потребно е за тоа да водите сметка.
За да продложите со својата програма на здрава исхрана и вежбање – наградете се за 365-дневниот успех со месечни масажи и пилинг на тело. А тогаш поставете нови цели за наредната година – понатамошно слабеење ако е потребно, одржување на килажата, напредок во вежбањето (да трчате маратонски), идното лето по плажите да шетате во бикини, итн…