Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 7 фебруари покажуваат дека најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија е високата температура.
“Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%)“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.