Вилијам Сидис кој со девет година стана студент на Харвард и српкиот научник Никол Тесла благодарение на кој светот зачекори во ерата на модернизација, се на врвот на листата на десет личности кои имале најголем коефициент на интелигенција.
Вилијам Сидис почнал да зборува со пет месеци, а на седум години зборувал седум странски јазици. Неговиот IQ е поголем од 250. Тој се запишал на Харвард како деветгодишен а умрел од мозочен удар на возраст од 46 години.
Никола Тесла чиј IQ е помеѓу 230 и 250, е автор на повеќе од 700 патенти без кои не можеме да го замислиме денешниот секојдневен живот.
Нормалниот коефициент кај просечниот човек е помеѓу 90 и 110.
Инаку, листата се најдоа и чудото од дете од Сингапур Ејхан Коли (19) кој со седум години го помина најтешкиот тест по хемија, потоа Леонардо да Винчи, американската авторка Мерлин Вос Савант, јужнокорејскиот професор Ким Унг Јонг, американскиот космонаут и астрофизичар Крис Хирата, шахистот Гари Каспаров, и физичарите Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.