Светската здравствена организација предвидува дека најзагрозената популација кога станува збор за коронавирусот, како постарите граѓани, ќе треба да примаат дополнителна доза вакцина секоја година, со цел да добијат заштита од сите видови, се вели во документ до кој „Ројтерс“ имаше пристап.
Што се однесува до општата популација, се проценува дека ќе треба дополнителна доза на секои две години.
Не е наведено како е донесен овој заклучок, но според основното сценарио, нови варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат, а вакцините ќе мора редовно да се подобруваат.