400 жени учествувале во истражувањето на магазинот Redbook кое открило дека професијата со која се занимаваат мажите, има големо влијание на нивните вештини во кревет!
„Она што го правите преку ден влијае и на она што го правите навечер. Ако цел ден мажот управува со машини, големи се шансите дека знае да управува и со женското тело. Ако се занимава со работа што е многу линеарна, логична, тогаш и неговиот начин на водење љубов најверојатно ќе биде поформален“, открива сексуалната терапевтка Линда Де Вилерс.
Еве какви се мажите со различни професии во кревет, рангирани од најдобрите, па до најлошите!
1. Уметници
Нивните сопруги тврдат дека токму тие се најдобрите љубовници. 45% од нив тврдат дека сексуалниот живот им е одличен, па така завршиле на прво место. 100% од нив рекле дека уметниците многу се трудат околу предиграта, а 73% од нив целосно успеваат да ги задоволат своите сопруги.
2. Градежници
58% од нив имаат секс повеќе од еднаш неделно, 30% од жените сепак откриле дека би сакале нивните сопрузи да се малку понежни. Градежниците најмалку се трудат околу оралниот секс (40% од нив воопшто не го пружаат). Сепак, сопругите велат дека се одлични кога се во добро расположение, 57% од нив рекле дека сексот е одличен или повеќе од добар.
3. Возачи на камиони/механичари
Тие го заземаат првото место во орален секс, 61% од жените велат дека се најдобри во тоа. 95% од нив се трудат околу предиграта, а 39% од жените на возачи на камиони или механичари го оцениле својот сексуален живот како одличен. 47% од нив имаат секс повеќе од два пати неделно. Третина од нив заспиваат веднаш по сексот.
4. Претприемачи
Тие најмногу сакаат да пробуваат нови сексуални играчки. Сите жени на претприемачи откриле дека се синхронизирани со своите сопрузи што се однесува до времетраењето на сексот. 30% од нив рекле дека би сакале предиграта да трае подолго.
5. Инженери/архитекти
71% од нив успеваат да ги задоволат своите жени во кревет, 92% од нив се грижат околу предиграта, а 76% од нивните жени рекле дека сексот трае доволно долго за да биде совршен. 12% од нив се пожалиле дека предиграта трае цела вечност. Овие мажи сакаат да воведуваат сексуални играчки на батерии во кревет.
6. Менаџери/раководители
38% од жените на мажите кои се занимаваат со овие професии се многу задоволни од сексуалниот живот. 45% од нив сакаат да се милуваат. 74% се добри или многу добри во орален секс.
7. Мажи во униформи (пожарникари, полицајци, поштари…)
81% од жените рекле дека најсекси кај нивните мажи им е тоа што внимаваат тие да бидат целосно задоволени. 84% од нив се многу задоволни од сексот, но 25% откриле дека нивните сопрузи целосно ја прескокнуваат предиграта. 35% од нив би сакале мажите да им бидат поподготвени за нешто ново во кревет.
8. Продавачи
Тие имаат секс секој ден и сакаат да играат разни улоги во кревет.
9. Мажи во одела (адвокати, сметководители, консултанти…)
Поголемиот дел од нив сакаат секс секој ден, а големи се шансите да посакаат да пробаат некоја необична локација. Одлични се во предиграта (92% од жените рекле дека е совршена). Сепак, само 56% од жените го оцениле сексот како одличен.
10. Доктори/медицински лица
Многу сакаат да се милуваат и романтични се. Добри се во орален секс, но многу лоши во предигра. 36% од жените на медицинарите велат дека се пребрзи, а некои рекле дека нивните сопрузи би биле добри кандидати за вијагра.
11. Учители/државни службеници
Тие најтешко прифаќаат „не“ како одговор од своите сопруги кога ќе посакаат секс. Имаат односи почесто од мажите со други професии, а 100% од нив се трудат околу предиграта. Сепак, нивните сопруги се жалат дека сето тоа го завршуваат премногу брзо.
12. Работници во фабрики
59% од нивните сопруги рекле дека сексот би можел да биде и подобар, а дури 20% од нив рекле дека сексот е лош. Сепак, некои од нив се големи авантуристи во кревет. Сакаат да експериментираат со сексуални играчки.
13. ИТ експерти
Жените на информатичарите се жалат дека најтешко можат да добијат секс од нив ако се расположени, а тие не се. Во браковите со овие мажи има најмалку орален секс (од двете страни), а нема ни премногу креативност во кревет. Ниту една жена не рекла дека мажот донел сексуална играчка во кревет. Единствено нешто за што добиле пофалба е тоа што сакаат да се милуваат по сексот.