Според устражувањето на компанијата “Ифоп“, Французинките се најсрамежливи да се сончаат топлес. Нешто помалку од 20 отсто Французинки под 50 години би прифатиле да се сончаат без горен дел од костимот за капење.
Жените од 18 до 25 години најмногу се плашат од сексуално вознемирување, осуда за телесната тежина, како и од погледите на мажите.
Што се однесува до тие што се мераклии за сончање топлес, на првото место од оваа листа се наоѓаат Австријките. На второ место се наоѓаат Шпанките каде 48% признале дека сакаат да се сончаат топлес, а на трето место се Германките со 34%.