Жените родени во знакот на Рак се подготвени да направат сè за својот партнер и него го сакаат безусловно. Иако понекогаш се драматични и напорни, тоа вреди да го издржите, во споредба со тоа колку се внесуваат во односот. Нивната животна мисија е да создадат рајско место за своето семејство и место на кое сите ќе се чувствуваат пријатно.
Иако Лавиците не може да се споредат со Раковите, и тие се идеални сопруги. Жените родени во овој знак истовремено се и работнички и најнежни души, кои се посветени на семејството. Тие сакаат несебично и чисто, а најчесто бараат партнери кои се енергични како нив.
Жените родени во овој знак се познати завонички и мажите ретко можат да им одолеат. Но, оние „избраните“ доживуваат вистинско преобразување, бидејќи припадничките на овој знак се способни секој маж да го направат посилен, поведар и поодговорен. Жените Овни се одлични, но и строги мајки, кои раѓаат победници.