Кои во кралското семејство се гледаат “под око“? (ФОТО)

by Тони Зографски

Во кралското семејство никогаш не е досадно. Како и во секое семејство односите не се баш идеални, а особено по доаѓањето на Меган Меркл.  Позади затворените врати во Бакингемската и Кенсингтонската палата каде што живеат помладите членови, понекогаш се случуваа вистински семејни драми. По нив, и до ден денеска дел од членовите не се баш во добри односи.

Камила и Кејт Мидлтон

Иако изгледа се идеално во нивниот однос, авторот на книгата “Game of Crowns: Elizabeth, Camilla, Kate, and the Throne“, Кристофер Андерсон откриа дека Камила била иницијатор Вилијам да ја прекини врскат со Кејт, па дури ургирала и кај принцот Чарлс. Нормално, Кејт Мидлтон тоа не и го заборава.

Кралицата Елизабета и Џејмс Мидлтон

Помладиот брат на Кејт, Џејмс Мидлтон ја налутил кралицата одкако во едно интервју изјавил дека фрустирачки е да се биде нејзин брат, бидејќи се што тој ќе постигне е во сенка на неговата сестра.

Сара Фергусон и принцот Филип

Нетрпеливоста помеѓу принцот Филип и поранешната снаа Сара Фергусон е позната од порано, но стана главна тема кога двајцата се најдоа на венчавката на принцезата Еугениа. Но, на венчавката се поминало во ред и без скандал.

Кралското семејство и семејството на принцезата Дајана

По тригичното загинување на принцезата Дајана, нејзиното семејство Спенсер било луто и навредено од начинот како спрема неа се однесувало кралското семејство дури и по нејзината смрт. Нејзиниот брат Чарлс Спенсер изјавил дека на нејзината сестра не и било потребна кралевска титула за да ја сака целиот свет. Тоа многу ја навредило кралицата  која била многу тажна поради изјавата на Чарлс.

останати вести