Филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ триумфираше на годинешните Оскари, со три номинации и освоени Оскари во сите три категории.
Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.
Презентери на манифестацијата беа Ентони Хопкинс, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џи Ленхол, а Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ги изведоа номинираните оригинални филмски песни.
Оскарот за најдобра режија го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана о оваа категорија. „Борба на титаните“ беше оценета оваа категорија. Џејн беше номинирана за режија во 1994 za „Пијано“, но тогаш Спилберг го освои за „Шиндлеровата листа“, а сега Оскарот го освојува таа, наместо Спилберг за „Приказна од западната страна“.
За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“.
На годишеното издание за првпат женската тројка Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс беа водителки.
Како најголем скандал на Оскарите беше кавгата помеѓу актерите Крис Рок и Вил Смит проследена со пцовки, од она што требаше да излезе шега, но за Вил Смит беше навреда кога колегата му рече дека неговата сопруга Џада може да ја игра „Г.И. Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и го удри на сцената.