Аријана Бусето (46) е најмладата жртва на коронавирусот во Италија Таа е хоспитализирана пред неколку недели кога ги добила првите симптоми.
Само ден пред да почине, Аријана им испратила порака преку својот Фејсбук профил на своите пријатели.
-Кога ќе оздравам, викнете ме на ручек или вечера, – напишала Аријана.
Под нејзиниот статусе се нижеле пораки дека таа може да ја победи болеста и се “зезале“ кој прв ќе ја повика на вечера. Веќе следниот коментар до својот пријател навестувало дека не е се во ред.
“Вчера не поминав добро, сега примам инфузија и многу течности“.
Недолго по оваа порака Аријана починала.
“ Почивај во мир, убавице“. Не можам да верувам“. Ангелите нека те чуваат“ се дел од коментарите на нејзиниот Фејсбук профил.
-Минатата недела се допишувавме. Се договаравме да дојде кај нас на вечера кога ќе оздраве. Повеќе никогаш нема да дојде – изавила нејзина колешка за италијанските медиуми.