Сопругата на починатиот хрватски пејач Дино Дворник, Даниела доби интересен коментар на серијата фотографии што ги објави на нејзиниот инстаграм-профил, кој не беше баш во контекст со фотографиите.
„Ми треба маж кој издржува еден час во кревет“ ѝ напишала една жена во коментар.
„Кога ќе го најдете, пратете ми го“, се пошегува Даниела, а нејзиниот коментар поттикна коментари и од други жени кои се согласија со неа.
Даниела на своите фанови им призна дека ѝ здодеало седењето дома и дека почнува со тренинзи, па покрај фотографијата напиша:
„Ова е загревање, зашто од утре стартувам со тренинзите кои ми недостасуваат бидејќи веќе долго не сум во некој мој ритам. Бидејќи целата мината година ни беше ненормална, а ни оваа не почна многу подобро, малку се опуштив. И таа вистина ме прогонува и ноќ и ден. За 2022 година имам план да се качам на Килиманџаро, па би било добро да почнам со подготовките“, напиша Даниела.