Кралицата Елизабета Втора му наредила принцот Чарлс да се разведе од неговата сопруга Камила, пишуваат англиските медиуми. Според нив, кралицата му наредила на Чарлс да ги поднесе документите за развод, затоа што сака да ги реши сите скандали пред да умре.
Познато е дека романсакта меѓу Чарлс и Камила се случи уште во периодот додека принцот беше оженет со поранешната принцеза Дајана. Поради тоа Камила до ден денес се наоѓа на осуда од јавноста.
Според пишувањата на магазинот „Globe“, нивниот брак е пред распад.
Чарлс сакал целата работа да се реши и да остане во рамки на кралското семејство и подалеку од очите на јавноста.
„Сакаше да го избегне овој скандал и срам“ вели соговорникот, не откривајќи премногу детали.
Инаку, пред неколку месеци, британските медиуми објавија дека нивниот брак е неважечки. Таблоидите тврдеја дека бракот е прекршен со законот од 19 век според кој бракот морал да биде склопен според церемонијата која ја препишува англиската црква, но тоа не било направено.
Се зборуваше дека заедно ќе го напуштат кралскиот двор и дека ќе си заминат во Италија.