Коронавирусот не ги плаши жителите на Шуто Оризари. Во оваа скопска населба раздвижено е и за време на полицискиот час.
Дел од жителите велат дека короната е бизнис, а не вирус. Нема ниту еден заболен тука – ни кажаа во анкетата. Повеќе велат ги плаши тоа што немаат пари како да го преживеат месецот.
„Кога ќе видиме полиција бегаме дома. Ова што е корона, ние го викаме корона бизнис, никој не е болен кај нас во Шутка.“
„Може има стварно корона, но луѓето во Шутка имаат поголеми проблеми, немаат работа, немаат за јадење“
Во Топаана пак мораше да интервенира и полицијата. И тука раздвиженост за време на полицискиот час регистрираше нашата камера. Дел од жителите велат дека вирусот е лага, друг дел пак се загрижени дека поради непослушноста на одредени лица, вирусот ќе почне да се шири и бараат поголеми контроли од полициските службеници.
„Ова не е ниту корона, ниту вируси. Значи ние се доближуваме дома на пример, а никако да фатиме корона, особено од Ромите, Шутка, Топаана, зошто не фаќаат? Тоа се лаги, нема корона. Само од Господ ако ми дојде да починам, ќе потпишуваат дека починал од корона. Само од психа може да почине човек, нема корона, ви гарантирам“
„Ако е полициски час треба секој да го почитува, ова е катастрофа значи. Полиција не поминува овде. Се игра фудбал, кој што сака си прави. Овде ако избие жариште, цел град ќе страда и ајде короната, ама видете како изгледа ова ѓубрето, нема ниту канализација, ниту ништо. Тоа е поголема корона и од короната.“
А граѓаните пак кои живеат во станови, велат дома не се доседува, па дел од времето го поминуваат на клупа пред зграда.
„Еве тука на клупа седиме, си правиме муабет“.
Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 24