КОГА СРБИН И СЛОВЕНЕЦ ЌЕ СЕ ФАТАТ НА ОРО: НБА кошаркарите Марјановиќ и Дончиќ се загреваа со српско коло (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Кошаркарите на Далас од просторите на бивша Југославија, Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ направија шоу пред натпреварот против Бостон Селтикс.

Имено, додека се загреваа, Словенецот и Србинот се фатија под рака и заиграа српско коло на теренот, додека љубопитните американски соиграчи внимателно ги следеа, па дури и се обидоа да ги имитираат во движењата.

„Опаа! Само се забавуваме како и секогаш“, напиша Марјановиќ на социјалните мрежи.

Меѓу првите што им се приклучи беше Дорјан Фини-Смит, сакајќи да ги научи чекорите.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com