Каруче Трен (34) оставила малку на фантазијата кога се појавила во „гол фустан“ кој буквално ништо не покрива на нејзиното тело.
Каруче Трен дефинитивно има извајано тело и линија која секој би посакал да ја има, но дали сепак малку претерала со својот избор на облека?
Моделот и актерка била забележана во Мајами пред еден ресторан, а фотографите не можеле да престанат да ја фотографираат кога ја виделе.
Облечена во „гол фустан“, Каручи ги истакнала сите облини. Од фустанот се гледаат само конци, а гледано од далечина – таа изгледа како да излегла облечена само во танга и градник.
Видно горда на својот избор на облека, Каруче заводливо позирала, покажувајќи го своето извајано тело.
Инаку, оваа ТВ ѕвезда е нова во емисијата која промовира облека од стари ткаенини.