Во неделата се одржа доделувањето на наградите „MTV Video Music Awards“, а најмногу награди освоија Лејди Гага, Аријана Гранде и Сабрина Карпентер.
Меѓу победниците беше и пејачот Рики Мартин, кој ја освои наградата „латино ѕвезда“ за 2025 година. Тој ја посвети наградата на неговите деца, а големата чест да му ја додели наградата ѝ припадна на пејачката Џесика Симпсон.

Меѓутоа, кога пејачката се појавила на сцената, многумина биле изненадени бидејќи буквално не ја препознале.
Симпсон блесна во црн проѕирен фустан со длабоко деколте и ова дефинитивно беше едно од нејзините најсекси изданија досега.

Сигурно е дека нејзиното појавување на доделувањето на наградите беше особено значајно, бидејќи таа полека ѝ се враќа на музиката по разводот од Ерик Џонсон, од кого се раздели по 10 години брак.

Сепак, иако изгледаше женствено, многумина ја искритикуваа дека претерала со естетската хирургија, а многумина дури и не ја препознаа.

„Знам дека луѓето стареат и се подложуваат на пластични операции, но таа воопшто не личи на себе“ беше еден од коментарите на социјалната мрежа Икс.
Некои дури ја помешаа со колешките Едисон Реј и Брукс Надер, а сите се согласија дека нејзиното лице изгледа премногу стегнато.

„Изгледа како да имала алергиска реакција“, „Џесика имала сериозен лифтинг на лицето“, „Џесика Симпсон … Тоа лице е затегнато“, „Не ја препознав Џесика Симпсон. Те молам, без операции“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Потсетуваме пејачката доживеа голема трансформација во последните години. Прво, ослабе 60 килограми, а проговори и за своите негативни искуства со естетската хирургија.
„Можам да ви кажам дека пластичната хирургија не го лекува она што е внатре. Всушност, станува збор за тоа како се чувствувате емоционално, а јас сè уште бев строга кон себе откако ми ги отстранија тие конци“ напиша Џесика Симпсон во своите мемоари „Отворена книга“ од 2020 година.

Пејачката била подложена на две операции на абдоминопластика и покрај предупредувањата на лекарите дека „може да умре“, а по втората, поминала девет дена во болница поради инфекција.