НБА легендата Двејн Вејд и неговата сопруга Габриел Унион, биле фотографирани на плажа во Мајами. Таа го привлекла вниманието со својот беспрекорен изглед во 50-тата година од животот.
Тие двајца се запознале во 2007 година, а се венчале во 2014 година. Габриел во една прилика открила дека прво воопшто не била фасцинирана од својот сопруг.
„Кога го запознав, не ми се чинеше особено интересен – спортист, поминува низ развод, девет години помлад од мене. Ништо од тоа не упатуваше на тоа дека нашата врска ќе трае“, изјавила таа.
Подолго време се обидувале да ја добијат ќеркичката. Таа отворено зборувала и за проблемите со кои се соочила.
„Три години се чувствував како заробеник во сопственото тело обидувајќи се да останам бремена. Или ќе го започнев процесот на вештачко оплодување или ќе го завршев“, раскажала таа.
Нивните соништа се оствариле во 2018 година кога конечно ја добиле ќеркичката Кави Џејмс.
Неа во повеќе наврати ја критикувале затоа што на социјалните мрежи објавува смели фотографии. Меѓутоа, таа не се осврнува на критиките.
Открила и дека редовното тренирање помага да го подобрите менталното здравје.
„Вежбањето ми овозможува да остварам рамнотежа меѓу умот, телото и душата. Кога се чувствувам преоптоварено, ми помага да ја ублажам анксиозноста“, раскажала таа.