Латиноамериканскиот пејач и актер Марк Ентони (54), на домашната јавност познат како поранешен сопруг на Џенифер Лопез, повторно се венчал.
Марк Ентони по четврти пат изговори „да“, овојпат пред манекенката Наџа Фереира, а нивната гламурозна венчавка во Мајами собрала голем број познати лица. Меѓу нив се нашла и мексиканската актерка Селма Хаек, позната по стилот којшто секогаш привлекува внимание, па така било и на оваа свадба.
Таа за оваа прилика избрала да носи светлозелен фустан дизајниран од Џамбатиста Вали од колекцијата која пред неколку денови се прикажала на модната Недела во Париз.
Станува збор за модел во ефектни, пастелни нијанси којшто се шири од колковите и паѓа во слоевит тул, а во прв план е длабокиот изрез којшто ги истакнува градите на актерката.
„Баш пред да влезам во автомобилот и да одам и да ја прославам љубовта на моите пријатели Марк Ентони и Наџа Фереира. Нека живее љубовта и нека живее салсата!“.
Дека на невестата не ѝ пречело што Селм Хаек веројатно била жената која постојано била во центар на внимание, покажува тоа што Наџа ја коментирала оваа фотографија.
„Ти благодарам драга Селма. Си поминавме прекрасно“, напишала новата сопруга на Марк Ентони.