18-годишната Мајки Шанел од Масачусетс се претставува како жена. Таа израснала во тело на момче, родена е со машки гениталии, но вели дека отсекогаш се чувствувала како жена.
Додека Мајки сè уште била во матката, на нејзините родители им било кажано дека очекуваат девојче. Се разбира, сите биле шокирани кога се родило момче.
„На сите секогаш им беше јасно дека сум различна. На пет години играв со женски чанти и ставав кармин на усните. Никогаш не се чувствував како момче. Имам женско тело, колкови и задник, а единствени исклучоци се влакната на лицето”, вели Мајки.
На 13-годишна возраст, Мајки открил(а) дека е хомосексуалец и подоцна се прашувала дали е можеби трансродна.
Минатата година била подложена на рутински медицински прегледи кога било откриено дека има внатрешни женски репродуктивни органи.
– Имав чудно чувство после мокрење и после секс, па ми направија ултразвук на уринарниот систем. Ми рекоа дека имам грло на матката, јајниците и јајцеводите и дека можам да забременам ако сакам – објасни таа.
На Мајки ѝ бил дијагностициран постојан синдром Мулерови канали (ПМДС), ретка состојба кога едно лице има надворешни машки гениталии, но внатрешни женски репродуктивни органи.
Затоа, лекарите ја советувале да направи хистеректомија, хируршко отстранување на матката, бидејќи луѓето со овој синдром се повеќе склони кон карцином и тумори.
„Отсекогаш знаев дека сакам да станам родител. Затоа поминав низ низа процедури за оплодување”, објаснува таа.
Донаторската сперма била инјектирана директно во јајцето за да се оплоди. Три оплодени јајца биле всадено ви јајцеводот директно низ стомачната празнина затоа што Мајки нема вагинален отвор.
Мајки вели дека едвај чека да биде родител и да надомести сè што нејзините родители не ѝ дале додека била дете.
„Се чувствувам поженствено од кога било“, заклучила таа.