Дејвид Гета (54) никогаш не бил некој убавец, но сега успеал да го достигне својот „максимум“, кога е изгледот во прашање.
Додека неговата музика ги освојува сите награди, францускиот диџеј Дејвид Гета деновите ги поминува на плажа со својата нова девојка Џесика.
Луѓето не можат да си поверуваат колку добро неговата девојка изгледа. Но, едно е јасно – покрај него таа е жената која позитивно влијае на неговиот животен стил.
Пред 24 години помладата Џесика Ледон (30), Дејвид Гета бил во брак со Кејти Гета (55), со која има две деца: Тима и Енџи.
Кејти се повлекла од јавноста во оној момент кога тие се развеле. Се зборувало дека Дејвид прво ја пронашол 24 години помладата Џесика, а потоа ја напуштил Кејти. Со оглед на тоа што Дејвид буквално пораснал и ја изградил кариерата покрај својата сопруга, многумина застанале на нејзина страна кога музичарот ја напуштил.
Кејти никогаш не се експонирала, а покрај Дејвид таа се појавувала само на важни настани.
Тој штом ја нашол новата девојка, уште притоа и помлада, целосно го сменил својот стил на живот. Долгата коса ја скратил, почнал да вежба и значително добил на мускулната маса.
„Преродба“, многумина ќе кажат, но Дејвид само наведува дека се заљубил во младата Џесика која обожава здрав начин на живот, вежбање и одмор на плажа.
Дејвид во интервју за „Ask Man“ во 2017 година објаснил и како успева да најде време за вежбање и покрај големиот број на обврски.
„Се будам, појадувам, одам во теретана, ручам и потоа почнувам со работа. По настапот веднаш одам на спиење и не одам на дополнителни забави“, изјавил Гета.
„Мојата цел е телесна рекомпозиција. Тоа значи дека сакам да ја задржам својата тежина, а маснотиите да ги заменам со мускулна маса. Не се обидувам да станам крупен, само сакам да бидам силен и да имам дефинирани мускули“.