Во време кога нема спортски настани поради коронавирусот и голема криза во светскиот бизнис со обложување, две големи руски онлајн-обложувачници пресметале дека загубите можат да ги намалат токму со обложување на коронавирусот.
Имено, во својата понуда обложувалниците ставиле обложување на веројатноста да се појави вакцина за Ковид-19, кога во Русија ќе снема тоалет-хартија, брашно, квасец, како што тоа веќе се случи на Запад, пишува Moscow times.
Засега, уште немало можност за обложување на црни бројки, односно на бројот на заразени од коронавирус, починати…