Како оценувате кога е безбедно да се биде во близина на некој што преживеал Ковид-19 без страв од потенцијална инфекција?
Ова прашање ги мачи многумина кои имале некој позитивен дома, но и меѓу пријателите и колегите.
Упатствата се, како што пишува „Health“, а ги пренесува sib.net.hr едноставни. Постојат три услови што мора да ги исполните, за да можете без никакви грижи да се дружите со лицето кое имало коронавирус.
Прво, важно е да се знае дека времето на инкубација трае помеѓу три и 14 дена, а во поблаги случаи, болеста трае околу две недели. Сепак, понекогаш потребни се недели, па дури и месеци, за едно лице целосно да се опорави од коронавирус.
Во принцип, кога станува збор за појава на симптоми, тоа се случува во период од 11 и пол дена, пишува „Health“.
Упатствата дадени од Националниот штаб во Хрватска, на пример, сè уште ги советуваат оние кои биле во контакт со пациентите да се изолираат 10 дена, што значи и период на чекање за симптомите.
Центрите за контрола и превенција на болести наведуваат дека е безбедно да се биде во близина на лице кое се опоравило од Ковид-19 ако се исполнети следниве услови:
– Поминале 10 дена од појавата на симптомите
– лицето нема треска (без земање лекови за намалување на температурата) најмалку 24 часа
– Симптомите како кашлање и отежнато дишење се подобриле
„Некои луѓе можат да имаат долгорочни симптоми, но тоа не значи дека се заразни. На некои луѓе им треба само повеќе време да се вратат во првобитната физичка состојба“, изјавил за„Health“, д-р Вилијам Шафнер, специјалист за инфективни болести и професор на медицинското училиште на универзитетот Вандербилт.
Ако некое лице имало позитивен тест, но немало симптоми, тој може да биде близу до други луѓе по 10 дена од тестирањето.