Поминаа 20 години од снимањето на филмот „Love Actually“, а актерската екипа повторно се споила во специјалот на „ABC“.
Во исечокот од интервјуто кое магазинот „People“ го објави, ѕвездата на филмот Хју Грант открил дека една сцена од филмот не сакал да ја сними, а иронично, тоа е онаа сцена која на фановите им е омилена.
Танцот на премиерот
Култниот танц на премиерот Дејвид којшто го толкува Грант, е една од најпознатите сцени во филмот, а сепак актерот истата најмногу мразел да ја сними.
„Кога ја прочитав сцената во сценариото помислив: Па, ова ќе мразам да го правам. Не ми се допадна да ја снимам таа сцена, а не па да ја вежбам“, открил актерот.
Надвор од ритам
Режисерот на филмот, Ричард Кертис, се присетил дека Грант постојано одбивал да ја сними таа сцена:
„Мислам дека се надеваше дека ќе ја исфрлам од филмот“. Кертис открил и дека Грант бил мрзелив во текот на целиот ден на снимањето на сцената, но морал да ја одглуми поради обврските во договорот.
„Договорот е гилотина. И надвор од ритам сум, особено на почетокот кога мрдам со задникот“, се пошегувал актерот додавајќи дека негова идеја била додека танцува да го „улови“ неговата секретарка.