Кога претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше брутално убиен во својата спална соба претходниот месец, само едно лице беше со него и можеше да види сѐ. Таа знаеше што се случи подобро од било кој друг.
Првата дама на Хаити, Мартин Моиз била пронајдена како крвари на подот покрај телото на нејзиниот сопруг на 7 јули.
Таа го преживеа мистериозниот напад и живее за тоа да ги изведе убијците пред лицето на правдата.
Во интервју за Си -Ен -Ен, таа ги опиша деталите за нападот и побара помош за решавање на убиството.
– Некој нарача и некој плати. Тоа се луѓето кои ги бараме. Сакам Советот за безбедност на ОН да помогне во пронаоѓањето на тие луѓе“, рече таа.
Вдовицата на Моиз е единствениот сведок за убиството на нејзиниот сопруг. Таа е единствената што најдобро ја познава жртвата.
Знаела дека нешто не е во ред таа ноќ кога таа и нејзиниот сопруг слушнале автоматско пукање пред куќата околу еден час по полноќ.
Кога сфатиле дека напаѓачите влегле во куќата, се обиделе, како што рече, да се сокријат на подот зад креветот.
Дури и тогаш, таа не била свесна што се случува.
„Во тоа време, не мислев дека ќе можат да влезат во просторијата каде што се наоѓаме, бидејќи имавме околу 30 до 50 членови на обезбедувањето во куќата“, навела таа.
Сепак, тие успеаја, во голема безбедносна маана што властите на Хаити сѐ уште не ја објаснија.
Најмалку двајца шефови на обезбедувањето во моментов се во затвор, вклучувајќи го и шефот за безбедност на претседателот, Димитри Жерар, и координаторот за безбедност на палатата, Жан Лагел Цивил.
Од положбата во која лежела на подот, раката ѝ се скршила и на неколку места почнала да крвари, а можела да ги види само чевлите на напаѓачот. Проценува дека десетина мажи влегле во собата, зборувале шпански и барале нешто конкретно.
-Влегоа во собата и бараа нешто бидејќи ги слушнав како велат „тоа не е тоа, тоа е тоа“. Што значи дека го пронашле она што го барале, посочи таа.
Дури потоа го свртеле вниманието кон претседателот на подот и направиле фатален телефонски повик, се сеќава таа.
– Тогаш беше жив. Тие рекоа дека е висок, слаб и со темна кожа, и можеби и лицето од другата страна на телефонот одобрило да го застрелаат. И потоа пукаа во него, се сеќава Моиз.
Нејзиниот сопруг бил застрелан со 12 куршуми, а прострелните рани биле на главата, телото, нозете и рацете, според извештаите од истрагата.
Напаѓачите, како што рече неговата сопруга, никогаш не му се обратиле на претседателот непосредно пред убиството.
– Кога го застрелаа, мислев дека е крај за двајцата. Ги затворив очите, не мислев на ништо друго. Мислев дека тоа е нашиот последен ден, рече таа.
Сепак, напаѓачите си заминаа. Мартин мисли дека верувале дека е мртва.
Дури и по нападот, обезбедувањето задолжено за заштита на семејството на претседателот на Хаити не дошло. На крајот слугинката ги пронашла, а Мартин ја замолила да ѝ донесе една од неговите кравати за да го запре крварењето на нејзината рака.
На крајот пристигнал тим од Националната полиција, Мартин прво била префрлена во локалната полиција, а потоа била однесена во болницата во Мајами, заедно со децата.
Додека го напуштала својот дом рано наутро, Моиз рече дека била изненадена од недостатокот на обезбедување на имотот.
Како што рече таа, десетици чувари беа претежно стационирани во куќата, а нивните простории за одмор се всушност во подрумот на куќата, со цел да се обезбеди непречена смена.
– Стражарите не би заминале без наредба. Можеби тие добија наредба да заминат, јас го мислам тоа. Ќе беа 50 наспроти 28, имавме поголемо обезбедување од нив. Мислам дека претседателот почина со надеж дека ќе дојде неговиот тим за безбедност – рече таа.
Властите на Хаити претходно соопштија дека ниту еден чувар не бил повреден кога напаѓачите ја пробиле главната порта, го преминале имотот, ја искршиле влезната врата и ја барале спалната соба на претседателот.
Она што го знае, виде или направи во тоа време обезбедувањето на претседателот е главно прашање во истрагата.
Најмалку 24 полицајци се под истрага, изјави шефот на полицијата на Хаити, Леон Чарлс.