Инфлуенсерката Александра Шијакоска по четири операции на мозокот за Велигден конечно беше пуштена дома. Александра ја објави својата прва фотографија по тешкиот период. Инфлуенсерката позираше во пастелно розов костим, а истиот го искомбинира со бело – розови патики.
На Инстаграм таа објави:
„Една од омилените работи во болница ми беше да нарачувам работи кои не сум сигурна дека ќе има кога да ги носам. Оделото си го нарачав уште првиот пат со надеж дека ќе го носам штом си одам дома и штом сум подобра.
Иако сè се одложи за месец-два се надевам дека доаѓаат подобри времиња.
Доколку ја носам косата на едната страна не се познава каде немам коса. Значи ова ми е новата фризура. Во лицето сум отечена како бумбар, од сите лекарства, терапии, успивања, па ова е новата поза. Пуста желба за слика.
А кога ќе видам колку сум сакана и кој сè имам во животот многу ми се живее. Многу сакам овојпат да сум подобро и да е сè во ред.
Знам дека ме чека долг пат и дека никогаш нема да биде исто, ме чекаат многу прегледи, магнетни, надгледување на ситуацијата, ама овојпат ќе бидам многу посилна и поспремна на сè.“