Во јавноста безброј пати се зборувало за опасни излегувања и пијалаци кои ги служат непознати луѓе и се консумираат без размислување.
На многумина понекогаш им беше смешно предупредувањето на родителите, која ја содржеше познатата реченица „Внимавај некој да не ти стави нешто во пијалакот “, а приказната за девојката што следи е доказ дека тоа е се, само не смешно.
Имено, Лили Павлес од Англија, решила да ја објави својата приказна на Твитер, се со цел да ја подигне свеста за ставање недозволени материи во пијалаците.
Како што вели, за време на едно излегување, Лили му привлекла око на маж кој бил видно упорен во намерата да дојде до нејзината пијачка.
Кога успеал, Лили забележала дека ставил нешто во нејзината чаша.
Меѓутоа, таа решила да ги замени чашите за да се спаси, а потоа дознала што ќе се случело со неа.
Како што вели таа, по некое време Лили го видела непознатиот маж како лежи пред клубот без свест
„Синоќа двапати се обиде да ми ја земе пијачката, а подоцна ми стави нешто во неа. Ги сменив чашите кога отиде во тоалет и го најдов како лежи пред клубот. Ти благодарам, кој и да беше, помило ми е што ти лежеше така отколку јас“, напиша Лили на својот Твитер профил.
Додека едни тврдеа дека оваа девојка ја измислила приказната, други ја бранеа и ја поддржаа.
„Многу мажи не веруваат во оваа приказна затоа што не им се случува. Би сакал да искусат само еден состанок како жена“, „Верувај ми, тоа им се случува на жените многу почесто од мажите, „За оваа треба почесто да се зборува.“ „На луѓето им е смешно кога девојката вели дека нешто ѝ сипале во пијалакот и се случува многу повеќе отколку што мислите“, беа само дел од коментарите.