Ковид 19 е дело на човечка рака, тврди францускиот научник и добитник на Нобеловата награда за медицина Лик Монтање.
Тој претпоставува дека се случила грешка кога научниците трагале по вакцина за вирусот на СИДА.
„Се тргнало од познат вирус кај лилјаците, на кој се интервенирало за да се „хуманизира“. Во тој момент веројатно се случила грешка или се протекло од лабораторија. Добиле нешто спротивно од она што го барале“, вели Монтање
Монтање, кој се прослави со пронаоѓање на вирусот на сидата, за денешни „Вечерње новости“ вели дека знае што зборува и го образложува својот став.
.“Природата ја враќа работата во свои раце! Со колегите моментално истражуваме една мошне зачудувачка појава во САД, каде има милион заразени и каде вирусот се менува мошне брзо…дел од него многу брзо мутира и се покажува дека вирусот ќе се самоуништи“, вели Монтање во интервју за порталот „Новости“.
Овој француски научник ја разбранува јавноста кога излезе со верување дека Ковид-19 е произведен од страна на човекот, поточно дека во него се додадени секвенци од ХИВ вирусот, кој тој добро го познава.