Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека на лидерската средба на владината коалиција бил обрзложен процесот и предлогот.
-Разговаравме со детали и факти. Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет.
Според него, ова ќе биде одлука за иднината на Македонија. За реакциите од коалициските партнери, Ковачевкси рече: „Дискусијата на состанокот беше конструктивна. На состаонокт во детали беше информираа за процесот и предлогот. За се што го имавме пред нас да го заштитиме и обврска да обезбедиме иднина за државата. Сите претседатели на партии го кажаа својот став, сите имаа државнички став за ова прашање.
За евентуално блокирање и дали по ова може некој да нѐ блокира, Вицепремиерот Бојан Маричиќ вели:
„Во нашата рамка при првиот предлог во 2020 година кога не беше усвоен, беа договорот од Преспа и Договорот со Бугарија. Ние имаме гаранција дека тоа што сме го прифатиле во нашето Собрание ќе го исполниме. Другите прашања ќе ги решаваме со Бугарија. А секако дека било која членка, доколку одлучи, може да блокира. Но ние имаме гаранција дека на хартија ги имаме сите наредни чекори. Тоа ни е гаранција дека Бугарија не може да повикува на вето, доколку си ги исполнуваме обврските. Се што е во преговарачката рамка е во најголем дел нешто што е вообичаено“.