Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа, како и неговата ќерка Џиана Марија, а американските медиуми објавија дека прославениот Американец пред помалку од еден месец имал големо изненадување за 13-годишното девојче.
Имено, Брајант на 30 декември потпишал документи за создавање на нова спортска линија со прекарот на ќерка си „Мамбасита“.
Американските медиуми откриваат дека „Мамбасита“ требало да биде нов бренд на спортска опрема, чевли, шорцеви, маички, дуксери итн.