50-годишен германски државјанин е во тешка состојба во болница во Италија, откако земал екстази и „вијагра“ на одмор и имал секс со сопругата дури 24 часа.
Германецот паднал во септичен шок, а лекарите ја разгледуваат опцијата да му го ампутираат пенисот за да му го спасат животот.
Според локалните медиуми, германскиот турист престојувал со сопругата во стан во Кастел дел Пјано, во Тоскана, каде решил да има маратонски секс со сопругата.
Испил едно апче „вијагра“ и непознат број таблети екстази, па почнал да има секс со сопругата. Сепак, по 24 часа див секс, на Германецот му се слошило. Неговата сопруга веднаш повикала брза помош, а кога дошле лекарите констатирале дека мажот има септичен шок и веднаш го пренеле во болницата „Мисерикордија“ во Гросето. Сопругата му кажала на медицинскиот персонал што се случило, а на Германецот веднаш му била укажана помош. Италијанските медиуми јавуваат дека тој е во тешка состојба. Лекарите не сакаат да даваат прогнози за можното закрепнување на германскиот турист, но нагласија дека размислуваат за ампутирање на неговиот пенис.