Во сообраќајната несреќа која вчера се случи во близина на Врање, животот го загуби 25-годишен македонски државјанин, пренесуваат српските медиуми.
Според досегашните информации, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и си тргнале кон Македонија.
На враќање се сетиле дека заборавиле еден мобилен телефон во кафеаната каде што ручале, па се обиделе да се вратат, но го згрешиле патот.
Обидувајќи се да се вратат назад, од непознати причини дошло до несреќата, во која нивното возило удрило во насип покрај патот. Во автомобилот имало неколку лица, од кои едно починало на самото место на несреќата, а друго е примено на лекување во Здравствениот дом во Врање, каде му е укажана медицинска помош.