Клои Кардашијан ја покажа лузната на левиот образ откако ѝ беше направена операција по дијагностицирањето на меланом.
Во трејлерот за следната сезона од нивното шоу „The Kardashians“, е прикажан моментот кога минатата година, 38-годишната риалити ѕвезда дознала дека има меланом, најсериозна форма на рак на кожата. Потоа е покажана фотографија од раната на лицето долга 4 сантиметри по хируршката интервенција.
Клои сподели дека ѝ бил откриен рак на кожата во октомври минатата година.
„Пред неколку месеци, ми отстранија тумор од лицето. Откако забележав мало топче на лицето и претпоставував дека е нешто незначително како акна, одлучив да направам биопсија 7 месеци откако сфатив дека не се менува“ – објаснила таа и додала дека е благодарна што туморот беше откриен навреме.