На Југославија во 1990 година и се нудело влез во Европскат унија и плус 5.5 милијарди долари, изјавил во едно свое интервју Киро Глигоров, пренесува курир.рс.
“ При крајот на 1990 година имавме состанок со министерот за надворешни работи на Луксембург кој тогаш беше прв човек на ЕУ. Жак Делор даде понуда Југославија да добие придружно членство во ЕУ, а јас да подготвам програма од 5.5 милијарди долари за да се продолжи проектот на Анте Марковиќ. Ние ќе бевме прва земја со таков статус од останатите држави како Романија и Бугарија. Но, не одеа работите како што треба„ изјавил Глигоров во интервјуто.
“ Јас за никакви милијарди не можам да се откажам од идејата за обнова на хрватската држава“, рекој Туѓман.
“ Јас сум за цврста федерација или модерна федерација или секој нека оди по својот пат“, рекол Милошевиќ.
“ Нас ни е тешко и без Белград и без Загреб. Ние сме три народи во Босна, ни сме посебен ентитет и сакаме тоа да останеме. Треба да најдеме опција како да соработуваме и со Белград и со Загреб“, рекол Изедбеговиќ.
Потоа имало пауза, а тројката од УЕ разговарала со секој претседател посебно.
“ Потоа имавме уште еден состанок со преставниците на ЕУ кои соопштија дека нема согласност“, рекол Глигоров во интервјуто.