По натпреварот со Чиле капитен Кирил Лазаров потенцираше дека на првенството имавме најмлада репрезентација
“Добро е кога ќе се победи на последниот меч од Мундијалот. Иако дуелот не решаваше за некоа важна позиција, оваа победа ќе ни значи, особено на помладите ракометари. Ако направиме анализа, за 11 дена одигравме дури седум меча. Според некоја статистика што ја прочитав, ние имавме најмлада репрезентација на првенството. Сега треба да се свртиме кон квалификациите за Европското првенство и да ги одиграме како што треба. Доколку се фатиме за работа, оваа селекција има голем потенцијал и за одредено време може да се направи респектабилна репрезентација, која ќе биде рамо до рамо со најсилните европски репрезентации“ – изјави Лазаров.