Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров низ еден поширок осврт за МТВ даде видување за настапот на Мундијалот.
“ Не се посрамотивме, напротив, против сите репрезентации одигравме храбро. Но, на Мундијалот дојдовме со детска градинка и ќе беше светско чудо ако се пласиравме понатаму. Јас длабоко бев уверен дека ќе одиме понатаму, но Исланд се покажа како многу квалитетна репрезентација – изјави Лазаров и додаде:
“ Ова треба да биде големо искуство за сите млади ракометари. Лесно е сега сите поискусни играчи да се откажеме. Напротив, треба да ги засукаме ракавите и да се обидеме на престојното Европско првенство да избориме пласман на едно од двете места што водат на олимписките квалификации. Сакам да кажам, дека мора да дадеме поддршка на сите млади ракометари, иднината е пред нив. Предност е и што го имаме еден од топ-3 селектори во Европа, Раул Гонзалес од кого може многу да се научи. Можеме повторно да создадеме силна репрезентација. Јас сум уверен, дека за некоја година повторно ќе создадеме квалитетен репрезентативен тим – изјави репрезентативниот капитен Кире Лазаров по мечот со Исланд.