Шефот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Џорџ Гао, смета дека најголемата грешка на САД и Европа, кога станува збор за спречување на ширење на корона вирусот, е тоа што луѓето не носат маски.
“Овој вирус се пренесува преку капки и близок контакт. Капките играат многу важна улога – мора да носите маска, затоа што кога зборувате, од устата секогаш излегуваат капки. Многу луѓе имаат асимптоматски или пред-симптоматски инфекции. Ако носат маски за лице, ова може да ги спречи капките на тие кои го носат вирусот да избегнат да ги инфицираат другите“, рече кинески експерт за американското списание Science .
Гао ги истакна петте чекори што ги презеде Кина, од кои другите земји можат да научат.
„Прво, користевме „нефармацевтски стратегии“ затоа што немате лекови и нема вакцини. Второ, треба да бидете сигурни дека ќе го изолирате секој случај. Трето, блиските контакти треба да бидат ставени во карантин затоа што е потребно многу време во обидот да најдете други блиски контакти. Четврто, да суспендирате јавни собири. Петто, ограничете го движењето“, рече Гао.
Изворот на вирусот се вели дека е од пазар во Вухан, но дека постои можност тоа да е местото на која се проширил. Кина соопшти дека вирусот повеќе не се пренесува локално, при што кинеските научници сега работат на вакцини и лекови, чие тестирање почнува во април.