Кинеска пејачка почина на сред концерт во Чонгкинг, Кина, откако се сопна од фустанот и ја удри главата на бината, објави Мирор.
Пејачката (31) настапила на 90-тиот роденден на пензионер во дом во Чонгкинг.
Таа останала да лежи неподвижна на бината по падот додека вработените во пензионерскиот дом се обидувале да ја реанимираат, по што била пренесена во блиската болница во Чонгкинг.
И покрај напорите на лекарите, пејачката починала набргу по пристигнувањето во болница.
Таа претходно истиот ден изјавила дека се чувствувала лошо.