Односите меѓу Кина и САД се тензични веќе подолго време, и се спротивставуваат на многу прашања. Меѓутоа, Тајван во последно време е точката околу која двете најголеми економии на светот отворено се спротивставуваат во јавноста и покажуваат дека нема да има отстапки.
Кинескиот министер Веи Фенг ги обвинил САД денеска дека се насилници и дека киднапираат земји во регионот, во текот на говорот во кој навел дека неговата земја ќе се бори до самиот крај да ја спречи независноста на Таван, пишува “CNN”.
„Тајван прво и основно кинески Тајван“, кажал Веи на азискиот безбедносен состанок “Дијалог Шангри-Ла” и додал дека Кина нема да се “срами” да скрши секаков обид за отцепување.
Истакнал дека останува на САД да се обидат да ги подобрат билатералните односи. Во својот говор неколку пати навел дека неговата земја бара само мир и стабилност и дека не е агресор, а ги повикал САД да ја зголемат солидарноста и да се спротивстават на судири и поделби.
Зборувал и за говорот на американскиот министер за одбрана Лојд Остин и ги отфрлил американската обвиненија и закани.
„Бараме од американската страна да престане да ја задржува Кина. Престанете да се мешате во кинеските внатрешни работи. Билатералните односи не може да се подобрат освен ако американската страна не ги подобри“, рекол Веи.
На состанокот меѓу Остин и Веи во петокот, двете страни повториле дека би сакале подобро да управуваат со своите односи, иако немало никакви знаци дека ги решиле меѓусебните несогласувања.
„Ако се осудат да го отцепат Тајван од Кина, кинеската војска нема да размислува ни момент да започне војна, каква и да биде цената“, изјавил портпаролот на кинеското министерство за одбрана кој објавил дека Веи е на состанок со Остин.