Кинескиот заменик министер за надворешни работи Ли Јученг денеска повтори дека НАТО е виновен за војната во Украина и ги критикуваше санкциите воведени кон Русија.
Тој на прес-конференција во Пекинг рече дека НАТО е „остаток од Студената војна“ и дека неговото проширување може да резултира со „премногу страшни последици“ за големите сили како Русија.
Неговите коментари доаѓаат откако американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг разговараа за ситуацијата во Украина во петокот. Ли ги критикуваше и економските санкции против Русија. „Санкциите против Русија одат дотаму што се користат како глобално оружје, дури ни спортистите и уметниците не се поштедени“, рече Ли.
Кина досега избегнуваше да ја осудува руската инвазија на Украина или да ја нарекува така.